16:47 - 18 август, 2026

Германец заврши на суд бидејќи правел скара на тераса

Маж од Бад Телц, Германија често правел скара на својата тераса. Меѓутоа, на парот кој живеел над него му пречеле чадот и миризбата. Случајот заврши на суд, а процесот се одолговлекуваше неколку години, јавуваат германските медиуми.

На убаво време соседот речиси секој ден правел скара, велат обвинителите. Иако во употреба имал само една електрична скара, на соседите им пречел чадот кој влегувал во нивниот стан на вториот кат, па пензионерите се обратиле на суд. Првото рочиште беше одржано во 2021 година пред судот во Волфратсхаузен.

Парот сакал соседот да прави скара на тераса само пет пати годишно, а најмногу два пати месечно. Тогашниот судија дал предлог за спогодба: ограничете ја скарата на четири пати месечно и 20 пати годишно. Сепак, договорот пропаднал бидејќи обвинетиот не се изјаснил. Тогаш биле сослушани десет сведоци од здружението на сопственици на станови, пишува магазинот Феникс.

Но, ниту тоа не донесе резултати. Тужбата пропадна на суд.

Во февруари 2023 година, Окружниот суд во Минхен се занимаваше со спорот меѓу соседите. Повторно беа сослушани другите соседи и сведоци. Овој пат судот донесе одлука: обвинетиот смее да прави скара не повеќе од четири пати месечно на својата тераса на приземјето на станбената зграда. Покрај тоа, тој не смее да користи скара во два последователни викенд дена или две последователни недели или државни празници.

Доколку мажот не ги почитува упатствата на судот, се соочува со казна до 250.000 евра.

Не постои законска регулатива која вели колку често можете да правите скара, објаснуваат од Здружението на станари во Минхен. Сепак, експертите за станари советуваат да се погледне договорот за закуп. Обично пишува кога и колку често можете да ја користите скарата. Ако тоа го нема во договорот за закуп, па дури и во куќниот ред, тогаш според здружението на станари, т.н. „соседски договор“ секојдневното користење на скарата не е разумно доколку на тоа се жалат соседите.

Кога случај како овој ќе заврши на суд, исходот може да биде многу различен. Судот во Бон пресуди дека сопственикот е должен да се погрижи скарата да биде дозволена само еднаш месечно и дека скарата мора да се најавува 48 часа однапред. Судот во Вестерштеде, пак, постави ограничување за скара десет пати годишно, пишуваат германските медиуми.

Слични објави

(Фото) „Фала ти за сè, мир Божји“: Зои Блаж со сопругот Тадеј и ќеркичката Мариа го посети Острог

Еспресо

(Фото) Мајка и ќерка на заедничко патување – Ѓина Џиновиќ и Мелина уживаат во луксуз на Миконос

Еспресо

Ивона Јо искрено: „Дел од фамилијата не ми зборува зашто се омажив пред да помине една година од смртта на тато“

Еспресо

Урнебесен одговор на Ен Хатавеј на прашањето дали чека момче или девојче

apostolova

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.
Се вчитува....