13.8 C
Скопје
17:10 - 17 октомври, 2026

„Апсолутно ништо не ме интересираше, ми беше исто – и живот и смрт“: Дино Мерлин за борбата со тешката депресија

Босанскохерцеговски пејач Дино Мерлин отворено зборуваше за тешкиот период низ кој поминал додека престојувал во Германија, откривајќи дека во еден момент завршил и на психијатриско лекување.

Како што раскажал, тогаш се борел со тешка депресија, но токму во тој период настанала и една од неговите најпознати песни. Имено, Дино меѓу студените ѕидови на психијатриската установа во која престојувал ги напишал стиховите и музиката за песната „Ја потпуно тријезан умирем“, која и денес ја изведува на речиси сите концерти.

„Во еден период од животот бев тешко болен. Имав тешка депресија. Тоа никому не би му го посакал. Се манифестираше така што не бев за ништо“, раскажал Мерлин при едно гостување на HRT, објаснувајќи дека во тој период станал рамнодушен кон сè и ништо не го интересирало.

„Апсолутно ништо не ме интересираше, мене ми беше исто – и живот и смрт. Едноставно бев како растение. Тоа беше период кога сакав да се откажам од музиката и сешто ми паѓаше на памет, но, ете, некако по чудо се извлеков. Решив да продолжам и во 2000 година го снимив албумот на кој и денес сум многу горд“, рекол Мерлин.

Слични објави

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.
Се вчитува....