03:38 - 28 ноември, 2026

Анџелина Џоли прати порака до сите жени во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот

Холивудската актерка Анџелина Џоли на својот профил на Инстаграм, во чест на Светскиот ден за борба против ракот на јајниците, објави фотографија со нејзината почината мајка, која денеска би го имала својот 73-ти роденден.

-Утре ќе и беше 73 роденден на мајка ми. Таа почина пред 15 години, по долга борба со ракот на дојката и јајниците, напишала Анџелина, а потоа продолжила:

-Имав превентивни операции за намалување на шансите за болеста, но продолжувам да одам на прегледи. Мајка ми го сакаше Хендрикс и секогаш ги потпишуваше нејзините писма со зборовите „бакни го небото“, кои добија ново значење откако таа умре. Ја испраќам мојата љубов до оние кои исто така изгубија најблиски и сила до оние кои моментално се борат за своите животи и животите на оние што ги сакаат. Имам само едно да им кажам на сите други жени, ве молам одвојте време и грижете се за себе и одете на мамографи и крвни тестови или ултразвук, особено ако имате семејна историја на рак, заклучила Џоли.

Познатата актерка го отвори срцето за „Тајм“ во 2019 година за нејзините превентивни процедури по трагедијата со губењето на мајка си од рак.

 

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....