14.8 C
Скопје
01:45 - 30 септември, 2026

(Фото) Луис Хамилтон и Том Круз не се единствените додворувачи на Шакира, пејачката ја посакуваат уште две холивудски ѕвезди: Еве кои ѕвездени имиња се во „игра“

Социјалниот живот на Шакира се распламти откако се врати во САД. Особено по посетата на Жерар Пике на Мајами, за да се подружи со децата Саша и Милан, сè тргна вртоглаво брзо и многу романтично за Колумбијката, за која како да постои „листа на чекање“ составена од ѕвезди. Куп додворувачи од А-листата, меѓу кои за сега најпознати се пилотот на Формула 1 Хамилтон и холвудската ѕвезда Том Круз. Но, не се само тие.

твитер

Се започна на ГП во Мајами, кога никој не очекуваше да ја види Шакира во толку добро друштво. Покрај неа, никогаш не напуштајќи ја, беше актерот Том Круз. Следните денови се дозна дека се долго време пријатели, па се во добри односи.

Од друга страна, со Луис Хамилтон веќе имаше неколку средби, па дури заедно беа и на вечера во ресторан и на возење со јахта, што поттикна гласини дека тие би можеле да бидат новиот пар.

твитер

Но, според шпанската „Ел Програма де Ана Роса“, Хамилтон и Круз не се единствените додворувачи на згодната Колумбијка,  бидејќи има уште двајца холивудски актери кои се многу заинтересирани за неа, која – познато е – е без партнер по раскинувањето со Пике минатата година.

Прво, тоа е актерот Крис Еванс, познат по улогата во „Капетан Америка“, кој дури јавно се изјасни дека ѝ се восхитува на Шакира, нешто што без двоумење го истакнува во последно време во различните интервјуа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Evans (@chrisevans)

Еванс беше прогласен за најзгоден маж за 2022 година од списанието „Пипл“.

Крис Еванс пак, има конкуренција во колегата Хенри Кавил, уште еден многу згоден актер, најпознат по улогата на Супермен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Henry Cavill (@henrycavill)

Овој познат холивудски актер неодамна се сретнал со Шакира на приватна забава во Мајами, и отворено се изјаснил на пријателите дека е „загреан“ за неа. Гласините велат дека и таа не можела да одолее на неговиот шарм, па вечерта ја поминале во забава, муабетење и размена на искрени насмевки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Henry Cavill (@henrycavill)

Сега останува на самата Шакира да избира, а очигледно има згодна група славни момци околу неа. Таа неодамна се изјасни дека за сега приоритет ѝ се децата и работа на кариерата. Останува да видиме до кога нема да им одолее на романтичните искушенија.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....