22:58 - 7 ноември, 2026

Анастасија и Немања Гудељ слават две години брак, а еве како започнала нивната љубовна приказна

Анастасија и Немања Гудељ прославуваат две години брак, откако пред матичар го изговориле судбоносното „да“, додека црковната венчавка ја направиле една година претходно – на 14 јули.

Брачниот пар тајно се заколнал на вечна љубов во вила на Дедиње, во присуство на најтесното семејство и кумовите. Анастасија за интимната церемонија избрала долга свилена тоалета, а младенците се погрижиле и за уредување на внатрешноста на вилата.

Иако сè било организирано во кругот на семејството и без многу гости, Анастасија го фрлила и невестинскиот букет, по кој посегнала и Цеца. Она што ги насмеало сите во тој момент било тоа што бабата на сестрите Родиќ била побрза од Цеца и токму таа го фатила букетот.

Ќерката на Цеца веќе неколку години живее во Севиља со Немања, а повремено доаѓа во Белград. Цеца неколкупати ја посетила таму, додека братот Вељко сè уште не бил кај сестра му.

Парот се запознал во 2022 година, кога и ја започнале врската. Се сретнале преку заеднички пријатели, а Анастасија брзо сфатила дека токму тој е вистинскиот.

„Се запознавме преку пријатели, веднаш си одговаравме. Кај него ми се допаѓа сè, засега сè е во ред“, изјавила тогаш Анастасија и открила дека уште на почетокот од врската му подготвила јадење на својот избраник – пита со месо.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....