21:44 - 6 ноември, 2026

По песната посветена на починатите сопруг и ќерка, се огласи Благица Калева од Валандово

По емотивната балада посветена на трагично починтите сопруг и ќерка која ја испеа на „Фолк фест Валандово“, се олгаси пејачката Благица Калева.

Таа за песната „Солзи немам“ зема две награди, втора награда за песна и признанието за најдобра интерпретација.

Како што објави „Слободен печат“, Калева доживеа страшна семејна трагедија во 2002 година, кога во тешка сообраќајна несреќа на патот кон Скопје ги загуби својот сопруг Костадин Калев – Дине, кој беше познат струмички музичар, и нивната помала ќерка Викторија. На својата ќерка Марија, која ја израдува со внукот Виктор и внуката Софија, Калева ѝ ја посвети песната „Горда мајка“.

Откако ги зема двете награди со насолзени очи, фолк-пејачката се огласи на Фејсбук.

„Со мојот Најдобар Тим, Ристо Самарџиев и Љупчо Соколовски – Бубе.
Заедно донесовме бисер песна која се закити со втора награда, а воедно и награда за најдобра интерпретација!“, напиша Калева на Фејсбук.

„Сè што ми се случи во живото, направи да се зајакне мојата хуманост. Дури откако човек ќе се најде во очи со некоја трагедија ја сфаќа многу подобро целата тежина на трагедиите на сите луѓе. Тука сум секогаш кога треба за да пружам  поддршка и помош на сите ранливи категории  граѓани. Пејам на хуманитарни концерти, помагам на свој начин, со песна“, изјави пејачката од Струмица претходно.

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....