23:30 - 7 ноември, 2026

Ана Николиќ му се обрати јавно на Раста: По скандалот со Рале, пејачката му испрати емотивна порака на поранешниот сопруг

Пејачката Ана Николиќ ги изненади своите следбеници со емотивна објава по повод роденденот на нејзиниот поранешен сопруг, раперот Раста. На Инстаграм сподели заедничка фотографија на која е таа со нивната ќерка Тара, што предизвика бројни реакции и коментари на поддршка.

До сликата на која изгледаат складно и насмеано, Ана накратко напиша:

– Тато, среќен роденден – му порача Ана преку Инстаграм, покажувајќи дека, и покрај турбулентниот однос и разводот, меѓусебната почит и грижата за заедничкото дете се на прво место.

Да потсетиме, по карамболот во Дубаи и јавните прозивки, Ана и Рале повторно ѝ дадоа уште една шанса на својата љубов.

Наскоро се појави и снимка од настап на Николиќ, каде што таа ги соблекува и фрла штиклите, а Рале во позадина не го трга погледот од неа.

Причина за драмата во хотелот

Како што пишуваше Курир, во хотелот во Дубаи најпрво дошло до расправија на познатиот пар во утринските часови, кога пејачката направила хаос откако сфатила дека Ратковиќ не е во собата кога се разбудила. Ги затекнала само своите работи и пасошот и помислила дека ѝ зел пари и отишол за Белград.

Тие претходно се скарале затоа што Ана одбила да ја напушти собата за која им истекла резервацијата. Кога се разбудила сама, во момент на бес таа ја повикала полицијата и го пријавила Рале дека зел пари за да го симнат од летот за Белград. Во сето тоа време Ратковиќ бил во хотелот и ја чекал на базенот да излезе.

Меѓутоа, на Ана не ѝ паднало на ум да ја напушти собата, туку порачала руум-сервис и направила сметка од околу 200 долари.

Околу 12 часот вработените од рецепција почнале најпрво телефонски да ја повикуваат, а потоа дошле и на вратата барајќи да излезе од собата. Таа не сакала да отвори и им говорела дека нема да ја напушти собата затоа што сè било платено. Набргу потоа дошле двајца припадници на обезбедувањето и почнале насилно да ги изнесуваат нејзините работи, што таа го снимала со телефонот. Споменатите снимки ги доби редакцијата на Курир.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....