11:13 - 2 април, 2026

АКО ЛАЖЕТЕ, КУЧИЊАТА ЌЕ ВЕ ОТКРИЈАТ: Науката докажа дека по лагата, кучето нема никогаш повеќе да ви верува

Многу студии докажаа дека кучињата можат да ги почувствуваат човечките емоции, но сега е откриено дека тие можат да насетат кога „имаат работа“ со лажго.

Истражувањето е објавено во весникот „Знаење за животните“ и ги опишува експериментите на универзитетскиот истражувачки тим во Јапонија, пишува УНИЛАД.

Имено, пред нив имало 34 кучиња со кои направиле три круга „покажување со прст“. Бидејќи со години е познато дека кучињата разбираат кога луѓето покажуваат со прст кон нешто, истражувачите одлучија да проверат дали нашите омилени миленичиња им веруваат на луѓето.

Unsplash
 

Луѓето ги тестираа кучињата така што ги вперија прстите кон садовите со храна во нив, а потоа посочија на садовите без храна. Откако ги „измамиле“, кучињата успеале да го искористат своето ново стекнато искуство во проценка – дали можат да се потпрат на некое лице или не.

Истражувањата потврдија дека „кучињата имаат многу пософистицирана социјална интелигенција отколку што мислеа – нивната социјална интелигенција исто така еволуираше. И сето тоа поради долгата историја на живеење заедно со луѓе. “

Акико Такаока, водачот на тимот, беше изненаден што кучињата толку брзо „изгубија доверба во одредени луѓе“.

Така што, сега на сите ни е јасно – не ги лажете кучињата.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо
Се вчитува....