11.8 C
Скопје
09:16 - 13 мај, 2026

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО ИНДИЈА: Националното јадење, „Даал“ за целодневна енергија

даал рецепт

Ова вкусно и високо хранливо национално јадење на Индија е особено популарно во јужните делови на земјата, но може да се најде и во Непал, Шри Ланка, Пакистан и Бангладеш. Даaл е чорба со главна состојка на црна или жолта леќа, но може да се подготви и со грашок, наут или грав од мунг.

Ефтин и лесен за правење, Даал била идеална храна за работничката класа бидејќи дава енергија за целодневен труд. Додека жолтата леќа се користи најчесто, црната леќа е најценетата сорта при правење Даал. Леќата полека се вари со различни зачини како ким, коријандер, кромид, лук, чили и ѓумбир додека не се распаднат, а потоа се пасира во пире.

Постојат бројни видови на Даал, секој со различна комбинација на зачини и вкусови. Јадењето може да се сервира или како главен оброк или како прилог, и традиционално се служи над ориз, придружено со наан или друг индиски леб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shabnam Rebo ⋒ (@thehungrywarrior)

Потребни состојки:

– 210 гр црвена леќа, исплакната
– 700 мл вода на собна температура
– 1 лажица растително/кокосово масло
– 1/2 лажичка ким
– 1 стапче цимет(заменете со лажичка)
– 150 гр исечкан жолт кромид
– 1 зелена чили пиперка, исчистена и исечена
– 4 чешниња лук, ситно сецкан
– 1 лажица ситно рендан ѓумбир
– 1/2 лажичка куркума
– 1/2 лажичка кардамон
– 1/2 лажичка пипер
– 3/4 лажичка сол
– 1 среден домат, исечен на коцки
– Сок од половина лимон
– Сецкан магдонос или коријандер за гарнир

Подготовка:

– Ставете ја исплакнатата леќа во големо тенџере заедно со водата. Наместете го огнот на средна температура и оставете леќата да се вари 20 минути.
– Во меѓувреме, загрејте го маслото на средна температура. Додадете ким и стапче цимет(ако користите мелен, додадете го со другите зачини), гответе 60 до 90 секунди, додека не замириса.
– Додадете кромид, чили, лук и ѓумбир, гответе 4 до 5 минути, додека кромидот не омекне.
– Додадете куркума, кардамон, црвен пипер, цимет (ако користите мелен), сол и домат во тавата. – – Гответе додека доматот не почне да се распаѓа, околу 2 до 3 минути. Извадете го стапчето цимет.
– Откако ќе се свари леќата, исцедете го вишокот вода што се наоѓа над леќата, но не ја цедете целата вода. Промешајте ја зачинетата мешавина на кромид во тенџерето со леќа. Додадете сок од лимон и добро промешајте. Вкусете и посолете по потреба. Ако е премногу суво, тогаш додадете малку вода. Ако е премногу влажно, тогаш гответе на тивок додека не се згусне по ваш вкус.
– Украсете со свежи билки и сервирајте со басмати ориз и наан.

Слични објави

Се разведува Александар Темелков: „Поради детето, ќе останеме во пријателски односи“

Еспресо

Хороскоп за 13 мај: Овните ќе ги остварат своите цели, Вагите ги очекува ново познанство

Еспресо

Познати финалистите на Евросонг 2026 – Србија и Хрватска меѓу најуспешните десет

Т.Ц.

(Фото) Жељко Бебек се возеше со сопругата низ Сараево: „Малку со трамвај, малку со спомените“

Еспресо

(Фото) Ја поврзуваа со Мбапе и со Франческо Тоти, а италијанската новинарка сега привлекува внимание поради сосема други причини

Т.Ц.

(Видео) Сцена што ќе ве растажи – Дарко Лазиќ со солзи во очите додека пее за својот покоен брат

Еспресо
Се вчитува....