23:44 - 1 ноември, 2026

ГОВОРОТ НА „ЕМИ“ НАГРАДИТЕ ШТО ЈА КРЕНА ПУБЛИКАТА НА НOЗЕ: Макејла Коел конечно го доби заслуженото признание

макејла кол

Драмата на Макејла Коел во продукција на „HBO“ за сексуално злоставување „I May Destroy You“ која го доведува прашањето за согласноста не беше номинирана за Златен глобус претходно оваа година, што изненади многумина. Серијата базирана на сопствените искуства на авторката беше пофалена како една од најинтересните и највлијателните серии, па се очекуваше да го добие заслуженото признание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michaela Coel Web (@michaelacoelweb)

Серијата сепак ја освои наградата „BAFTA“, а сега Коел, која ја смислила серијата и го толкуваше главниот лик, ја освои својата прва „Emmy“ награда. Видно трогната, се качи на сцената и ја прими наградата за најдобро сценарио. Притоа, таа го прочита својот говор воодушевувајќи ја публиката.

Таа ги покани другите писатели да напишат приказна што ги плаши, прави да се чувствуваат несигурно, која не е пријатна.

„Ве предизвикувам“, рече Коел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michaela Coel Web (@michaelacoelweb)

„I May Destroy You“ го следи животот на писателката Арабела, која се буди едно утро со повреда и многу нејасно сеќавање на сексуален напад, и тоа е настан што го доживеала самата Коел. Во нејзиниот пијалaк била вметната дрога за силување, по што била нападната од непознат маж во бар.

На крајот од својот говор, авторката ја посвети наградата на „сите оние кои биле жртви на сексуален напад“. После тоа, публиката стана и ја поздрави со најдолги овации.

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....