13:08 - 2 април, 2026

„Звуците на Чаршијата“ по 13-ти пат, ТАМАРА ТОДЕВСКА меѓу многуте учесници

По 13-ти пат, во Скопје ќе се одржат „Звуците на Чаршијата“. Според информациите околу настанот објавени на социјалната мрежа Фејсбук на Културно информативниот центар, „Звуците на Чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација и има за цел да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје, за ревитализација на Старата скопска Чаршија.

Тродневната програма на манифестацијата и годинава ќе биде богата. Настаните почнуваат во понеделник со Литературни дела на писателите со наслов “Старата Скопска Чаршија во делата од литературните творци”, ќе продолжат со активности кај Камениот Мост, каде ќе се одржи Изложба на фотографии на Старата Скопска Чаршија од Арбнора Мехмети и Зоран Шекеров. Истиот ден активности ќе се одржат и во Плоштадот Скендербег, каде ќе се претстават КУД “ИЛИРИДА“ Скопје, КУД „Студио Фолклор“ Скопје, КУД „Шамикуќет“ Урошевац, КУД “Јени Јол“ Скопје. И вториот ден од оваа манифестација има богата програма при што меѓу другото кај Камениот мост, односно Плоштадот Филип Втори, на концерт ќе настапат Диџеј Електрон, Тамара Тодевска, Ил Лимани, Дафина Зеќири -Диџеј ФЛОУ. Концерт ќе има и во последната вечер од „Звуците на Чаршијата“, при што ќе настапат Диџеј Пити, Канита Сума, Линдон Бериша, Елвана Ѓата.

Слични објави

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо
Се вчитува....