14:04 - 29 ноември, 2026

Здравко Чолиќ доби понуда за жири во „Ѕвездите на Гранд“: Преговорите се во тек!

Покрај Лепа Брена и Сузана Јовановиќ, уште едно големо име е во план за новата сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Според информации на Курир, продукцијата сака во жирито да се приклучи најголемата машка музичка ѕвезда на овие простори – Здравко Чолиќ.

Извор близок до продукцијата открива дека се работи на составување силен стручен жири кој ќе донесе нова енергија во шоуто. „Брена и Сузана би внесле свежина, а Чола – тоа е нешто сосема посебно. Неговите хитови се пеат уште од првата сезона, а неговото присуство би било огромен плус и за кандидатите и за публиката. Гледачите би го запознале Чола од поинаков агол“, вели соговорникот.

Се потсетува дека поранешниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, одамна имал желба Чолиќ да биде специјален гостин во големото финале и да даде свој суд за кандидатите, но тоа не се реализирало. Доколку преговорите завршат успешно, оваа соработка конечно може да стане реалност. „Здравко е запознаен со иницијативата и му е драго што продукцијата го сака, но сè уште се чека неговиот одговор“, додава изворот.

Во меѓувреме, веќе е потврдено дека пејачката Дара Бубамара е ново засилување во жирито. Во преговори е и Драган Којиќ – Кеба, кој имал состанок со продукцијата, но засега не потпишал договор. Портпаролката на „Гранд продукција“, Весна Милановиќ, не одговорила на новинарските повици и пораки.

Слични објави

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.
Се вчитува....