7.8 C
Скопје
21:25 - 31 март, 2026

ЗАРАДИ ОВАА БИЛКА СЕЛМА ХАЈЕК НЕ КОРИСТИ БОТОКС: На 55-годишна возраст има лице како за 30-годишна

селма хајек

Актерката Селма Хајек неодамна го прослави својот 55-ти роденден, а таа се уште важи за една од најатрактивните жени во Холивуд и може да се пофали со негувана и затегната кожа. Сепак, таа истакнува дека не мора на хирург да му се заблагодари за тоа!

Селма Хајек е една од најубавите славни жени на планетата, а во една прилика ја откри најголемата тајна на нејзината убавина во разговорот со магазинот „Ел“, пренесува „Us Magazine“.

„Користам состојка наречена „tepezcohuite“, која се користи во Мексико за лекување на изгореници бидејќи целосно ја регенерира кожата и во Америка нема никој освен нас што ја користи“, истакна таа. „Затоа не користам ботокс, пилинг или филери“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Селма всушност го спомена производот на мимоза тенуифлора, дрво кое потекнува од Бразил, а може да се најде во Хондурас, Колумбија, Венецуела, Мексико, Панама, Ел Салвадор. Познато е и како јурема прета, калумби, карбонална, кабрера, црна јурема и нејзините водени екстракти веќе долго време се користат во Јужна и Централна Америка за нега на оштетена кожа, рани и изгореници, и обично се означуваат со зборот „tepezcohuite“.

Има голем број ефекти, од кои некои се: ги намалува лузните, има дејство наанти-стареење, дејствува антиинфламаторно и како антиоксиданс, ја зајакнува природната бариера на кожата и одржува влажност.

Овој екстракт од мимоза тенуифлора станува сè попопуларен во козметичката индустрија, па ако се восхитувате на убавината и младешкиот изглед на Селма Хајек, следниот пат кога ќе изберете производи за нега на кожа, погрижете се внимателно да го разгледате нивниот состав и да барајте „tepezcohuite“.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....