7.8 C
Скопје
17:00 - 18 декември, 2024

ВО ВЕЧНОТО ПОЧИВАЛИШТЕ: Аки Рахимовски оставил тестамент да биде погребан како муслиман

аки рахимовски

Аки Рахимовски вчера беше испратен од бројни пријатели и семејство на вечно почивање во Алејата на великаните во загребскиот Мирогој, пренесува „Jutarnji list“.

На последното збогување присуствуваа неговите деца и други членови на семејството, членови на бендот „Парни Ваљак“, колеги музичари, бројни имиња од забавниот, културниот и општествениот живот на Хрватска.

Последното збогување со сликата на бината на Аки гласеше: „Tužna je naša ulica otkad nisi tu… jer tužnu pjesmu pjevaju oni što ostaju”, кои се добро познати стихови од популарната песна на Парни Ваљак. „Moja je pjesma lagana“.

Како што дознава порталот „Radiosarajevo.ba“ од извор во Исламската заедница, Рахимовски оставил тестамент да биде погребан како муслиман.

По негово барање, а во согласност со исламската традиција, на Рахимовски му ја соблекле облеката (шеријатско ритуално капење, миење) и го завиткале во чефини (бела ткаенина во која, според муслиманските обичаи, се завиткува покојникот).

За него во понеделникот на 24 јануари беше извршена погребна молитва пред да биде префрлен во Загреб каде вчера беше одржан погребот.

Според повеќе извори на порталот, овие обреди ги вршеле имамите на Исламската заедница во Република Словенија, Аднан еф. Мердановиќ и Мустафа еф. Гаврановиќ. Како што дознава порталот, на настанот присуствувале и членови на најтесното семејство на Аки Рахимовски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ado ► ツ (@kontas_da_si_cool)

Откако Рахимовски бил префрлен во Загреб, дел од ритуалот согласно на муслиманската традиција бил извршен и во Загреб.

Оваа информација за Radiosarajevo.ba ја потврди загрепскиот муфтија Азиз еф. Хасановиќ.

„Точно е дека Аки Рахимовски остави тестамент да биде погребан како муслиман, што семејството го испочитува“ изјави муфтијата Хасановиќ за Radiosarajevo.ba.

На погребот ќерката Едина Дина Рахимовски одржа говор и со солзи се прости од Аки. Со трогателни зборови од Аки се прости и неговиот најблизок соработник и пријател од „Парни Валак“, Хусеин Хасанфендиќ Хус, кој претходно изјави дека го загубил „братот и пријателот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ado ► ツ (@kontas_da_si_cool)

Ковчегот на Аки беше поставен на столче покриен со Македонското знаме. Аки беше испратен со двете омилени македонски песни. Првата беше „Зошто си ме мајко родила“. Потоа поворката беше придружена со текст од песната „My way“ на Френк Синатра и „I’m sailing“ од Род Стјуарт.

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо
Се вчитува....