17.8 C
Скопје
21:21 - 27 септември, 2026

Ведрана Рудан за борбата со ракот: „Докторите ми ветуваа брза смрт. Две години умирам, а ништо не се случува“

ведрана рудан

Писателката Ведрана Рудан во нова колумна пишува за својата борба со тешката болест и открива дека лекарите ѝ предвидувале брза смрт, но таа се бори веќе две години.

Нејзината колумна ја пренесуваме во целост:

– Две години умирам и ништо не се случува. Докторите ми ветуваа брза смрт, а домашните кријат колку им е доста. Лоши глумци сме.

Знам дека лутината е вештачка, жртвата одглумена, а животот полн … Сакаш да избегам, ама немаш каде. Другата страна е добра и пристојна. Што сакаш? Што сакаш? Како можам да ти помогнам?

Не смеам да го поставам тоа прашање, затоа што неговата добра намера лесно може да се претвори во мој хистеричен крик. Тука никој никому не сака да помогне. Не смееш да прашаш „што сакаш“, затоа што ќе те испрашуваат додека не почнеш да врескаш. А јас веќе врескам.

Што му е нему толку тешко, па не го интересира, како ни него што не го интересира што е со тебе. Да молчиш? Да голташ? Да врескаш? Дали е ова рак или неможност да се избега? Да му понудиш да мие садови? Тоа трае долго. Затоа го праќам во автомобилот по леб. Нека се задржи подолго.

Ова ќе го прочита Мира, ѝ велам на Ката. Мислиш? Мислиш дека е тоа тоа? Не знам. Ракот ми ги избриша инстинктите. Донесе леб? Се смеам. Баш ми е гајле. Најтешко ми е да враќам боцки што не болат, туку нервираат. Грозно е чувството на вина кон некого. Чувствуваш само јадеж и потреба да исчезнеш.

Јас сум виновна? Јааас? Нека ти биде. Јас сум виновна, виновна, виновна. Да ја тргнеме лажната глума, лажната приказна, лажните нервозни расправии на единствениот што ја знае вистината. Каде ми се крилјата? Дај ми крилја. Би останала да бевме оние старите.

Вака… останувам иако веќе не сме тие старите. Зјапам во масата. Во мене гледа фластер. Розов морфиум на десното рамо – пишува Ведрана во колумната.

Слични објави

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо
Се вчитува....