17.8 C
Скопје
17:44 - 18 октомври, 2026

„Во секунда може да направи хаос“: Лепа Брена повторно се соочи со здравствен проблем

Лепа Брена веќе 18 години се бори со тромбоза, а неодамна повторно побарала лекарска помош поради замор и стрес.

Иако состојбата ја држи под контрола со редовна терапија, пејачката е свесна дека напорните концерти и честите патувања со авион можат да влијаат врз влошување на болеста.

Според пишувањата на медиумите, таа му признала на сопругот Боба Живојиновиќ дека се чувствува исцрпено и дека повеќе нема енергија како порано, по што тој веднаш реагирал и инсистирал да оди на лекар.

„Боба ѝ рекол дека не смее да чека ниту ден и дека што побрзо мора да оди на контрола, бидејќи тромбозата е подмолна болест. Во секунда може да се создаде нов тромб и да предизвика сериозни компликации“, открива извор близок до семејството.

Инаку, Брена првпат се соочила со тромбоза пред 18 години, кога за време на настап забележала дека ѝ се променила бојата на раката и почнала да чувствува трнење. Лекарите тогаш утврдиле дека ѝ е затната главна вена, поради што извесен период не смеела да патува со авион.

Оттогаш користи терапија за разредување на крвта, која мора да ја зема секојдневно. Пред осум години била хоспитализирана, кога лекарите интервенирале за да го отстранат тромбот, а ѝ било препорачано да избегнува стрес и физичка исцрпеност.

Сепак, и денес таа одржува концерти со ист интензитет како и во периодот кога беше на врвот на кариерата.

„Првата тромбоза ја пребродив одамна, но продолжив со интензивна работа. Тоа што болеста се повтори е сериозен аларм. Живеам речиси под постојана тензија и сѐ што се случува – на работа или во семејството – го доживувам премногу емотивно. Мојата дисциплина и перфекционизам делуваат деструктивно врз мене. Никогаш не сум знаела вистински да се одморам. Дури и кога сум на одмор, постојано размислувам. Таа психичка пренапрегнатост може да ја врати болеста“, изјавила Брена.

Слични објави

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо
Се вчитува....