13:48 - 27 ноември, 2026

(ВИДЕО) ТАРАБУНОВ ИМА НОВ ХИТ: Песната е одлична, а Игор Џамбазов вели дека е светска!

Поп-пејачот Александар Тарабунов слободно може да се прогласи за еден од највредните изведувачи на нашата естрада. Буквално, популарниот Тара не запира кога станува збор за создавањето нова музика, нови песни, нови видеоспотови…

Токму по тој повод вчеравечер на скоро сите социјални мрежи ја објави својата најнова песна со наслов „Празен град“.

Ова е уште една во низата одлични песни кои Тарабунов ги создава за својата публика.

Првите реакции за „Празен град“ се одлични. Композицијата наиде на позитивни коментари, а особено пофалби добива и видеоспотот, на кој и овојпат како режисер се потпишува добро познатиот Зоран Зонде Стојановски.

За малку ќе заборавевме. За оваа нова песна музиката, аранжманот и мастерот ги направи токму Александар, додека пак режисерот Зонде овојпат ја имаше улогата и на текстописец.

„Верувам дека ќе се допадне на публиката, бидејќи се што гледате и слушате во оваа нова песна е работено со многу љубов, а публиката тоа го препознава и го почитува. Јас сум задоволен од реакциите на луѓето кога првпат ја слушнаа, еве ќе ви откријам дека песната многу му се допаѓа на Игор Џамбазов, вели дека има светски звук“-  изјави познатиот пејач и музичар Александар Тарабунов.

Инаку, како што кажавме, Тара е еден од највредните на нашата сцена, па нема да бидеме изненадени ако во блиска иднина тој изненади со уште еден музички производ од неговата „кујна“.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....