11.8 C
Скопје
22:28 - 28 септември, 2026

(Видео) „Сè уште мислите дека е вештачка интелигенција?“: Се појави ново видео од скокот на Колинда во леденото море на Антарктикот

На социјалните мрежи се појави уште едно видео од поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ како скока во ладното море на Антарктикот. Новото видео го објави инфлуенсерот Кристијан Иличиќ на социјалната мрежа Тикток.

На видеото се гледа како Колинда скока во леденото море, а потоа излегува од него.

„Побаравте видео од излегувањето од леденото море, па еве го, немонтирана снимка од скокот на мојата екипа. Сè уште мислите дека е вештачка интелигенција?“, напишал Кристијан во описот на видеото.

 

@kristijanilicic Tražili ste snimku izlaska iz ledenog oceana pa evo, needitirana snimka skoka moje ekipe. Da li jos uvijek mislite da je AI? 😆 #polarplunge #antarctica #antarktika #antarktik #nomadiktravel ♬ original sound – Kristijan Ilicic

Да потсетиме, видеото од скокот на Колинда на социјалните мрежи предизвика лавина од коментари. Додека некои ја пофалија за нејзината храброст, имаше и такви кои рекоа дека нема шанси да скокнала затоа што „косата воопшто не ѝ се движела во видеото“.

Потоа, Колинда Грабар-Китаровиќ споделила и фотографија од себе мокра на својата инстаграм-приказна, по излегувањето од морето, за да докаже дека навистина скокнала.

 

 

Освен познатиот скок во морето и фотографијата со која се обидува да докаже дека навистина скокнала, Колинда неодамна објави бројни фотографии од другата страна на светот. На нив ужива во импресивните ледени предели, глечери и брегот на Антарктикот, облечена во експедициска опрема, а на некои снимки позира со пингвини.

Како што беше претходно познато, цената на аранжманот во кој таа отиде на Антарктикот е околу 17.000 евра, а сега е објавено и видео кое покажува како изгледаат собите на патниците, вклучувајќи и на Колинда Грабар-Китаровиќ.

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.
Се вчитува....