11:13 - 31 март, 2026

(Видео) Промовиран спотот: Тамара ќе нѐ преставува на детската Евровизија со „Кажи ми, кажи ми кој“

Младата и талентирана Тамара Грујеска важи за едно од најнадежните музички имиња во Македонија.

Токму таа ќе нѐ преставува на 21. издание на детската Евровизија, кое ќе се одржи на 26 ноември во Ница, Франција.


Денеска беше промовиран видеозаписот за нејзината евровизиска песна, со наслов „Кажи ми, кажи ми кој“.

Песната е дело на веќе докажани музичари од кај нас – текстот го напишаа Роберт Билбилов и Коста Петров, а за музиката се погрижија Билбилов и Дарко Димитров. Ова трио работеше и на евровизиската песна на Тамара Тодевска, „Proud“, со која таа го освои најголемиот пласман на Македонија на „возрасната“ Евровизија – 7. место во финалната вечер.

Како потсетување, Франција е годинашната земја-домаќин на детската Евровизија, по минатогодишната победа на Лисандро, чија песна „Oh maman!“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 16 земји-учеснички.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....