00:01 - 30 ноември, 2026

(Видео) Марија Шерифовиќ како дете на летување: Пејачката прска со воден пиштол, а еве како реагира Јована Пајиќ

По успешно завршените работни обврски, Марија Шерифовиќ замина на одмор и тоа со проверена екипа: најблиските пријатели и својот син. Пејачката одлучи слободното време да го помине на море, а сега се огласи од луксузна вила каде што ужива во целост.

На видео-снимка што го објави, Марија е снимена како весело се прска со воден пиштол заедно со пријател, потполно разиграна и насмеана – како мало дете. Под објавата напиша: „Кој е тука дете?“

Но, будното око не ја пропушти сцената во позадина: додека Марија скока и се забавува, Јована Пајиќ седи сама на терасата и ужива во мирот и тишината.

Судејќи по објавата, нивниот летен одмор тече во совршена атмосфера и голема радост.

Инаку, неодамна Марија на Инстаграм стори покажа што јадат за ручек и многумина беа изненадени, а некои и шокирани. На менито на Шерифовиќ нема риба, лигњи, школки или други морски деликатеси, туку се служи домашен паприкаш. Ова наведува на заклучок дека со неа на одмор е и нејзината мајка, Верица Шерифовиќ, која се грижи внукот да се храни здраво и да јаде домашна храна која таа со љубов му ја подготвува.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....