18.8 C
Скопје
14:55 - 11 март, 2026

ВИДЕО: Хју Грант призна која колешка најмногу ја обожава и ѝ пишува долги пораки

Иако со повеќето колешки со кои глумел во филмовите изгубил секаков контакт, постои една актерка со која Хју Грант се уште редовно се слуша. Станува збор за Рене Зелвегер, со која глумеше во филмовите за Бриџит Џоунс, а со тој за време на снимањето се зближил.

60-годишниот Хју Грант гостувајќи во „The Jess Cagle Show“ откри дека единствената актерка со која се уште е во контакт е Рене Зелвегер, со која глумеше во франшизата за Бриџит Џоунс. Во филмовите тој го глумеше нејзиното момче Даниел Кливер, а актерите толку добро се согласувале што продолжиле да се дружат и по снимањето.

Денес својата комуникација во голем дел ја одржуваат разменувајќи долги мејл пораки.
„Ја обожавам Рене. Таа е една од ретките актерки со кои се уште сум во контакт и со која добро се согласувам. Често разменуваме долги мејлови“, изјави Хју Грант и притоа го пофали актерскиот талент на својата колешка, особено во филмот во кој ја отелотвори Џуди Гарленд.

За време на интервјуто Хју Грант, татко на пет деца, раскажа токму и за својата улога на Даниел, кој беше во турбулентна врска со колешката Бриџит во блокбасетор „Дневникот на Бриџит Џоунс“ од 2001 годија, како и во продолжението на хитот „Бриџит Џоунс: На работ на разумот“ од 2004 година.

„Уживав да го глумам Даниел, дури и се поврзав со него. Тој е разочаран маж кој работеше во издаваштвото и силно посакуваше да напише своја книга, но не успеа во тоа.“, се потсети Грант.

Слични објави

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin
Се вчитува....