21:51 - 29 ноември, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) НОНЕ на КАБАРЕ во КУБА: Велешанката сподели како ги поминува ноќите во прекрасната Хавана

Велешанката Нона (Ноне) Неделковска која македонската јавност ја запозна преку натпреварот за музички таленти „Идол“ веќе долги години не се занимава со музика бидејќи ужива во работата на брод и бројните патувања низ светот.


Поранешната пејачка веќе со години живее далеку од својот роден град и ужива во новиот начин на живот и работата на брод. Велес е вистинскиот дом на пејачката, градот каде живее нејзиното семејство.

Фото: Принтскрин / Instagram

Изминативе месеци Ноне ги искористи да помине квалитетно време во својот роден со своите стари пријатели и секако домашните.

Ноне веќе долги години прави совршен спој меѓу работата и задоволството, па секој работен ден на Ноне изгледа како совршениот летен одмор. Овие денови велешанката ужива во Куба, споделувајќи фотографии од доживувањата во главниот град на најголемата островска земја во групата на Големите Антили.

Фото: Принтскрин / Instagram

Ноне моментално е во Хавана каде ужива во посебноста на овој прекрасен град. Неделковска со своите фанови и сподели како изгледа ноќниот живот токму во најголемиот град во Куба, а воедно и на Карибите.

Фото: Принтскрин / Instagram

Поранешната пејачка викендот го помина уживајќи во спектакуларно кабаре. Неделковска сподели и дел од атмосферата во кабаре „Тропикана“.

Погледнете ги прекрасните видеа и со мислите за момент отпатувајте во Куба.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....