19:59 - 25 ноември, 2026

ВИДЕО: Двејн Џонсон го изненади човекот кој му даде дом кога актерот бил бездомник

Instagram

Иако актерот Двејн Џонсон, познат како „The Rock“, денес е успешен и богат, не било така отсекогаш.

Во тинејџерските години, кога актерот дошол во Нешвил, немал воопшто пари за егзистенција и немал каде да живее. Тогаш му помогнал неговиот поранешен менаџер во борење Бруно.

Имено Двејн не заборавил колку тој човек му помогнал во деновите кога немал ништо. Години подоцна тие сè уште се многу добри пријатели.

Неодамна актерот му приредил изненадување и му купил автомобил вреден 30.000 американски долари. Џонсон го снимил целото изненадување и го објави на социјалните мрежи.

„Не можам да ти се заблагодарам доволно за она што го направи кога имав 15 години. Имаше целосно право да кажеш дека не го познаваш тоа дете и не сакаш да живееш со него, но сепак ме прими во својот дом. Бруно, тоа многу ми значи затоа што ми го смени животот. Те сакам и сум и благодарен сум ти. Ти благодарам што ми го купи мојот прв автомобил, и сега имам можност да ти кажам: ова е твојот нов автомобил“, рече Двен во видеото.

Откако актерот го смести во неговиот нов автомобл, на Бруно му се насолзиле очите од радост и шок.

„Никој не направил вакво нешто за мене, никогаш. Те сакам“, му рече Бруно.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Фото) Вељко и Богдана Ражнатовиќ ја прославија годишнината – ја одведе на свечена вечера со блиските пријатели

Еспресо

„Кредит за ташна е без памет, брз кредит за Нова година исто така“: Миа Костова искрено за парите и животот без долгови

К.С.

Јована Јеремиќ во солзи пред олтарот, ниту Тигар не ги сокри емоциите – водителката објави досега невидени снимки од венчавката

Еспресо

Скандал во Турција — приведена актерката која ја глумеше Ферхунде во „Кога лисјата паѓаат“

К.С.

(Фото) „Три и пол години бевме твојот мал свет“: Синот на Даниел Кајмакоски тргна во градинка

К.С.

Швајнштајгер ќе ѝ плаќа алиментација од вртоглави 45.000 евра месечно за синовите на Ана Ивановиќ

Еспресо
Се вчитува....