13.8 C
Скопје
10:27 - 16 октомври, 2026

Иман се сеќава на својот покоен сопруг Дејвид Боуви: Никогаш повеќе нема да се омажам

Instagram

Сомалиската манекенка Иман прозборе за нејзиниот покоен сопруг Дејвид Боуви, нарекувајќи го нејзината „вистинска љубов“ и рече дека никогаш повеќе нема да се омажи.

„Знаете, тој беше мојата вистинска љубов. Мојата ќерка еднаш ме праша дали некогаш повторно ќе се омажам и реков: – никогаш“, изјави 65-годишниот супер модел за „Harper’s Bazaar UK“.

Instagram
Instagram

Иман и Боуви стапија во брак во 1992 година. Заедно ја добија ќерката Лекси. Дејвид почина од рак на црниот дроб во 2016 година. Таа раскажа дека нивниот живот бил „вообичаен“ и дека посакува да имале повеќе време заедно.

Instagram
Instagram

„Не можеше да биде вообичаен… Тоа беше навистина секојдневен брак. Тој беше многу смешен, топол џентлмен – знаете, сите зборуваат за него дека беше футурист, но не, тој не беше, тој повеќе од сè сакаше да облече костум во три дела… Тоа беше убав, обичен живот и тоа беше она што беше одлично во врска со тоа. Можевме да живееме во Њујорк, да ја зимаме нашата ќерка од училиште, да шетаме насекаде… Знаете, би сакала да имавме повеќе години“, изјави Иман.

Instagram
Instagram

Моделот ги опиша и како се чувствува околу годишнината од смртта на Боуви, нарекувајќи го „најтажното време“. Петгодишнината од неговата смрт е на 10 јануари. Таа, сепак, чувствува дека пејачот сè уште е со неа.

Instagram
Instagram

„Тој се крие наоколу… Неговите обожаватели сè уште се околу, неговата музика сè уште е актуелна… На денот кога почина, тргнав на пешачење и пред мене леташе сина птица“, изјави таа.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Калиопи за синот Пако: Ја сака Македонија и сака кога му зборувам на македонски

Еспресо

Сосед од Сплит откри детали за домот на Грашо и Хана: „Се прашувам што воопшто јадат“

Еспресо

(Фото) „Умрев и се родив повторно“: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ се искачија на врвот на вулкан на Бали

Еспресо

Весна Змијанац откри дека има додворувач кој се обидува да ѝ го освои срцето: „Една година е постар од мене“

Еспресо

(Фото) Натали Грубовиќ има нов повод за славење — поранешната водителка магистрираше на Економскиот факултет во Скопје

К.С.

(Фото) По 17 години повторно на истото место: Виктор Живојиновиќ и Лепа Брена ја повторија фотографијата од неговото детство

Еспресо
Се вчитува....