6.6 C
Скопје
04:09 - 1 април, 2026

ВИДЕО: Дуетот на Лејди Гага и Аријана Гранде прогласен за песна на годината

Британскиот „Guardian“ хитот на Лејди Гага „Rain on me“ го прогласи за најдобра песна објавена во 2020 година…

Дуетот кој поп ѕвездата го сними со Аријана Гранде, е прогласен за најдобра песна за оваа година. Како што наведува магазинот, песната совршено отсликува, метафорично, што значи тоа „танцување на дождот“. Тие наведуваат дека овој дует бил еден од најинтересните моменти во глобалната поп култура, и покрај „исклучително досадната година“ полна со проблеми во разни сегменти.

Магазинот исто така наведува дека текстот на песната опишува што значи да се живее во 2020 година, но она најважното, дава трошка надеж дека работите можат да тргнат на подобро.

Песната е објавена во мај оваа година. Имаше најголемо деби за женскиот дует на стриминг сервисот Спотифај, а на Јутјуб брои повеќе од 200 милиони прегледи. Исто така е номинирана и за најдобар дует на претстојните Греми награди.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....