6.8 C
Скопје
08:19 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) „ДЕНЕС, МАЕСТРО ЏАМБАЗОВ ЌЕ НАПОЛНЕШЕ 86 ГОДИНИ“: Игор ја зема гитара во раце и отпеа еден од најубавите рефрени

Македонија пред десет дена се прости со својот маестрален диригент и композитор Александар Џамбазов. Веста за смртта на маестро Џамбазов ја соопшти неговиот син Игор на социјалните мрежи, а потоа се огласи и неговата сестра, Тања.

Со голема тага огромен број соработници, пријатели и јавни личноси се збогуваа со незаменливиот маестро Џамбазов на комеморацијата во МОБ.


Денес, маестро Џамбазов ќе го прославеше својот 86 – ти роденден, а Игор ја зема гитара во раце го одбележа овој ден со еден од неговите најубави рефрени кој го сподели со своите бројни следбеници на социјалните мрежи.

„Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години. Ова е еден од неговите најубави рефрени…
Довидување, маестро мој…“ – стои во описот на видеото на Игор.

Маестро Џамбазов завршил музичка академија во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио – телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.


Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на над педесетина награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.


Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....