16.8 C
Скопје
10:17 - 2 мај, 2024

РАЗГОВОР СО ЛАРА ИВАНОВА: Се чувствувам подготвена да застанам на Евровизиската сцена

Лара Иванова е девојката која влезе во потесниот круг за избор на песна за Евровизија и е една од шесте финалисти кои се натпреваруваат да ја освои двербата на јавноста и запее на големото евровизиско шоу напролет во Торино, Италија.

Лара се претставуваш со две јазични верзии на својата нова песна со која се натпреваруваш во изборот за македонски претставник на Евровизија 2022.

„Цвеќе на тагата“ (“Flower of Sorrow”) е прекрасна балада. Со кого соработуваше?

– Токму така. Песната е напишана и на македонски и на англиски јазик. Автор на музиката е Роберт Билбилов, текстот е дело на Робин Зимбаков, додека на аранжманот работеа Дарко Димитров и Роберт Билбилов. Пресреќна сум што имам можност да соработувам со вакви професионалци.

Калиопи е последниот наш претставник на Евровизија која пееше на мајчин јазик. Кој е твојот став доколку македонската публика ти ја даде довербата да не претставуваш  на евровизиската сцена? Ќе пееш на македонски, англиски или комбинирано?

Ако публиката ми ја даде поддршката и довербата преку глас на платформата на МТВ, по шест години по настапот на Калиопи на Евровизија, лично имам желба да го продолжам паузираниот тренд и да запеам повторно на македонски јазик пред целиот свет и Европа, без разлика дали во склоп на целата песна или во комбинирана верзија.

Какви се досега реакциите на обожавателите?

– Реакциите се навистина одлични и пресреќна сум што секојдневно добивам пораки и коментари од многу луѓе кои ме поддржуваат и на кои им се допаѓа мојата песна.

Настапот на Евровизија бара посебна подготовка, но носи и голема одговорност. Сметаш ли дека  си подготвена за овој предизвик?

– Секако, подготвена сум за овој предизвик. Јас сум на сцена уште од 6-годишна возраст. Позади себе имам настапи на детски фестивали, настапи на нашиот најреномиран музички фестивал „Макфест”, мјузикли, балетски претстави, балетски натпревари како во нашата земја, така и надвор од нашите граници, како и настап како специјален гостин на концертот на Владо Јаневски, како и на концертот на Тамара Тодевска во Античкиот театар во Охрид. Иако имам само 17 години, имам стекнато доста искуство на сцена, па затоа се чувствувам подготвена да застанам и на Евровизиската сцена.

Имам желба да го продолжам паузираниот тренд и да запеам повторно на македонски јазик пред целиот свет и Европа, без разлика дали во склоп на целата песна или во комбинирана верзија. Фото – приватна архива

Зошто Евровизија? Ти требаше ли време за да се решиш да бидеш кандидат за наш претставник?

– Евровизија е најголемото шоу во Европа и пошироко и за мене претставува одлично искуство што може еден музичар да го доживее. Затоа уште веднаш, без двоумење се пријавив на конкурсот.

Дали сега би променила нешто во песната, музика, текст….

– За ова прашање би размислувала во случај на победа (се смее, н.з)

Гласањето за македонски претставник на Евровизија трае сè до 04.02.2022 година на следниот линк: https://evrovizija.mrt.com.mk/.

Слични објави

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Како скриена камера: Здравко Чолиќ се венчал на 1 мај, еве и како

еспресо

Дарко Лазиќ отворено за интимата: Сакам перверзии, си купив и посебна „играчка“ за возрасни

еспресо

Дожд од пари: Два хороскопски знаци ќе се позлатат во првата половина на мај

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ го покажа станот: Каква луксузна трпеза!

еспресо

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо
Се вчитува....