12:25 - 9 февруари, 2026

(ВИДЕО) Дац им посвети песна на синовите, ќерката и снаата Софија: Емотивно видео од свадбената прослава

Драган Спасов – Дац на 20 април го прослави својот 59-ти роденден, а на истиот ден актерот по втор пат заплива во брачните води. Без да знае, во тајност и со помош на најблиските пријатели, неговата долгогодишна партнерка, а сега веќе и официјална сопруга, Весна Терзиевска организирала матичар и мини прослава во еден познат скопски ресторан.

Фото: Принтскрин / Facebook

Еден месец подоцна, уште една свадбена прослава во семејството Спасови. Вчера постариот син на актерот, Јаков стапи во брак сои својата избраничка, Софија Христова, односно веќе Софија Спасов.

Добра музика, убави гости, многу насмевки и танцување ја украсија свадбената прослава, а Јаков и Софија како младенци изгледаа магично. Модниот избор на невестата беше уникатен.

Фото: Принтскрин / Facebook

Прекрасната Софија за својот свадбен ден се одлучи за кратки панталони од светкав материјал и топ во црно – белa боја. Изгледот го заокружи со елегантни високи потпетици (кои подоцна ги замени со бели патики) и лелеава бела полу-наметка. Модниот избор на невестата го истакна нејзиното совршено обликувано тело и уникатните тетоважи.

Фото: Принтскрин / Facebook

Младоженецот Јаков беше облечен во елегантен костим со интересен дезен. Покрај младите и нивните семејства беа прекрано стилизирани, но како наш фаворит покрај невестата, тука е и модниот избор на Дац.

Фото: Принтскрин / Facebook

Свадбената прослава се одржа во познат скопски свадбен ресторан, а за музиката беа задолжени познат македонски бенд, диџеј и се разбира, легендарното дуо Дац и Александар Митевски.

Дац на својот фејсбук – профил објави уште еден момент од свадбената прослава исполнет со многу емоции и љубов. Актерот им посвети песна на на синовите, ќерката и снаата Софија.

„Има нешто што не можеш да напишеш, затоа што веќе е напишано. Но затоа можеш да го отпееш.
Само за Јаков, Стефан, Јана и Софија!“ – стои во описот на видеото.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Слични објави

Симона Манојловиќ е новата Мис на Србија: Прекрасната новосаѓанка ја освои титулата

Еспресо

(Видео) Верица Ракочевиќ со тетоважа на 78 години, нејзиниот 35 години помлад сопруг ја истетовира на ногата

Еспресо

(Фото) Густата магла и лизгавиот коловоз ги спречило киднаперите на Даниел Кајмакоски да го спроведат својот план до крај!

Еспресо

(Фото) Го донесе во Софија: Азис му приреди на сопругот ноќ за паметење

Е.А.

(Фоѕо) Фотографија од Верица Ракочевиќ се шири со молскавична брзина: Сега сè е јасно

Е.А.

Мина најави дека ќе оди на вештачко оплодување и откри интимни детали: Еве како нејзината ќерка се согласува со Каспер

Е.А.
Се вчитува....