04:13 - 20 декември, 2025

ВИДЕО: Без помпа и најава, ненадејно се појави Меган Маркл – Нејзината порака за поддршка и утеха ја упати до целиот свет!

Во годината која беше исклучително тешка и предизвикувачка за целиот свет, инспирирана сум од приказните на добрите луѓе во нашата заедница, започна сопругата на принцот Хари во својата порака…

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл одлучи уште еднаш да застане пред камерите на американската телвизија CNN и да пружи порака со надеж, поддршка, благодарност и утеха за изминатите тешки месеци кои сите луѓе во светот ги поминаа во кризата предизвикана од коронавирусот.

Ненадејно, без голема помпа и најави, Меган се појави на програмата на CNN и зборуваше за се што и било на срцето во последните месеци. Во годината обележана со бората против вирусот кој однесе бројни жртви, Меган ги пронајде најпозитивните работи кои се случиле и ги собра во двеминутната телевизиска порака.

„Уште во месец март коронаризата не погоди сите нас и не начека неподготвени. Нормално е дека создаде промени кај секој од нас. За многу семејства оваа пандемија беше катастрофа од која никако не можат да закрепнат. Многумина останаа без приходи и се сретнаа со прашањето како да стават храна на масата за своето семејство. Но, во сето тоа, може да се пронајде и нешто добро. Се појавија луѓето кои одлучија да им помогнат токму на таквите, оние најранливите. Сведоци сме на силата на човековата добрина и хуманост. Видовме добри соседи, заедници и организации кои со здружување се одлучија да помогнат“, истакна Меган.

Меган нагласи и дека во овие времиња на социјална дистанца, на луѓето токму храната им пружа најголема утеха. Затоа уште еднаш потсети колку е важно да им се обезбеди на сите оние кои не можат да дојдат до неа.

Целосната порака на Меган Маркл слушнете ја во видеото:

Слични објави

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо
Се вчитува....