03:18 - 8 ноември, 2026

(ВИДЕО) АЛ ПАЧИНО ТАНЦУВА НА УЛИЦА „КАКО НИКОЈ ДА НЕ ГО ГЛЕДА“: Актерот расположен, а Твитер гори!

Легендарниот актер Ал Пачино (81) бил снимен од случајни минувачи додека се шетал низ Беверли Хилс,  додека слушал музика со слушалки во ушите, попат танцувајќи како никој да не го гледа.

Фановите на актерот беа воодушевени што нивниот омилен актер танцува во деветтата деценија од животот.

„Крал! Ал Пачино е жива легенда“, „Сакам да бидам како Ал Пачино. Имам успешна кариера, богат сум и танцувам на 80 години“, „Тешко ми е да објаснам колку ме расположи видеото на кое танцува Ал Пачино“, „81 година. Посакувам да ја имав твојата енергија“ , „Ма Ал Пачино е најдобар“ – се само дел коментарите на социјалната мрежа Твитер.

Ал Пачино е еден од најдобрите холивудски актери, а судејќи по неговата состојба, тогаш јасно е дека нема ништо од пензија.

„Она што ме радува е мојата желба. Да имаш апетит за било што, за работа, за живот. Желбата е таа што понекогаш го совладува самиот талент“ –   изјави тој во едно неодамнешно интервју актерот.

„Куќата на Гучи“ е последниот филм во кој се појавува Ал Пачино, а наскоро ќе го видиме и во филмот „Кралот Лир“ во кој ја има главната улога.

Да потсетиме, Ал Пачино е легендарен не само по улогите, туку и по изјавите за животот.

„Предавството е составен дел од животот. Родителите ги напуштаат децата, оние кои се заколнаа на вечна љубов преку ноќ стануваат рамнодушни, сопругот ја напушта жената, сите овие ситуации се дел од животниот пат“ –  вели тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sunday Times (@sundaytimes)

„Кога некој ќе нè повреди, важно е да се потсетиме: Тоа не се случило затоа што сме виновни или затоа што сме направиле нешто погрешно. Кога врне, не се обвинуваме себеси, само ги затвораме прозорците и чекаме да помине лошото време “ – се само дел од легендарните изјави на актерот.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....