03:37 - 8 ноември, 2026

Вдовицата на Џеј Рамадановски скршена од болка: Нè напушти прерано, немам зборови…

Андријана Томаниќ, вдовицата на легендарниот Џеј Рамадановски, кој почина во 2020 година, никогаш не се опорави од загубата на својот сакан.

Сега објави уште една трагична вест – ја загубила мајка си.

Во емотивната објава на социјалните мрежи, Андријана сподели потресни зборови:

– Мамо, прерано нè напушти. Немам зборови. Те сакаме засекогаш“, гласи нејзината објава, заедно со емотикони со црвено срце.

Да потсетиме, поминаа четири години откако почина легендарниот пејач Џеј Рамадановски. Овој музички великан почина на 6 декември 2020 година, на 57-годишна возраст, откако доживеа срцев удар во својот стан во Белград.

Пејачот и неговата поранешна сопруга Неда добија две ќерки, Ана и Марија, кои го негуваат споменот на својот покоен татко и со задоволство се потсетуваат на анегдоти со него. Последните моменти ги помина со својата партнерка Андријана која е многу блиска со остатокот од семејството.

Џеј Рамадановски често ја споменуваше Андријана во своите изјави.

 

Таа никогаш не сакала да се истакнува во јавноста, а живеела со Џеј, додека многумина би рекле дека живеела и за него.

Таа му помагала во сè и беа буквално неразделни околу две децении.

Андријана се презива Томаниќ, а за тоа колкава поддршка му била на Џеј зборува и неговиот пријател Зоран Јагодиќ Руле.

– Сите знаат за Андријана. Таа жена е чудо. Таа му беше и лева и десна рака. Го познавам 25 години, а тие живеат заедно последните 20. Таа е, како што сакаше да каже, неговата бела жена. Тој сакаше да напише книга наречена токму така, „Белата жена“. Сите знаеја – кога не можат да го добијат Џеј, јави ѝ се на Андријана или мене – истакнал Јагодиќ, кој свирел со Џеј.

– Одлична е, таа е некој којшто многу го сака Џеј. Никогаш не зборувале за нивната врска, но тоа се знаеше. Но, никој не ги ни прашуваше за тоа“, истакнал Руле за српски „Курир“.

 

 

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....