02:20 - 2 ноември, 2026

Тамара Тодевска му посвети емотивна објава на својот татко како благодарност за неговата поддршка

Велко Тодевски, таткото на Тамара Тодевска, сподели мошне емотивна приказна упатена до својата ќерка.

Поранешниот професор по контрабас сними аудиозапис како лична порака до неа, а Тамара потоа го објави на својот инстаграм- профил.

„Сол ставаат на рана, секој ти наоѓа маана. Не ти личи, ти си мајка, време е за нова хајка. Секоја грешка ти ја памтат, од твојата болка пак се хранат. Ќе те кренат, па те газат, од секој збор скандал прават. Сакаат да бидеш тивка, мирна, никој не сака жена силна. Треба да си убава и мила, на светот му треба кукла жива“, вели Тодевски.

„Некои зборови имаат поинаква тежина кога ги чита некој што бил тука низ сите мои подеми и падови. Мојот татко, Велко. ‘Кукла жива’. Наскоро“, напиша поп-пејачката на Инстаграм најавувајќи го новиот истоимен албум. На видеото каде што е снимен гласот на татко ѝ, таа се пргрнува со ќерка ѝ Хана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Тамара неодамна сподели и лична и емотивна објава за својата мајка Брана, истакнувајќи дека токму таа ѝ била најголем пример за сила и истрајност.

Во една од своите објави, таа сподели и фотографија од албум на која се гледа тетоважата со зборот „proud“ („горда“), испраќајќи силна порака за благодарност и почит кон жената што најмногу влијаела врз нејзиниот живот.

„Некои жени не зборуваат гласно. Но цел живот нè учат како да бидеме силни. За сè што ми даде. И за сè што ме научи. Моја ‘Брана’“, напиша пејачката во својата официјална објава на Инстаграм, додавајќи го хаштагот #КуклаЖива.

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....