14.8 C
Скопје
17:48 - 15 октомври, 2026

Слаткар ja најави новата песна со силна порака: Верувај!

Марко Маринковиќ – Слаткар се огласи со нова силна порака, откако се откажа од средствата за документарниот филм „Слушни ме“, доделени од Агенцијата за филм.

Тој на Инстаграм го најави објавувањето на песната „Верувај“, а во кусото видео е прикажано дете што седи во училишна клупа и сонува за поголеми нешта. Приказната се поврзува со неговиот автобиографски пат – од дете од скромно семејство во Ново Лисиче до една од најголемите македонски музички ѕвезди.

Песната ја сними со Шишка Зи, македонски рап-артист и текстописец, како и со Насте, познат автор на текстови од поновата урбана хип-хоп сцена.

Во меѓувреме, вниманието на јавноста го привлече документарниот филм „Слушни ме!“, во режија на Радован Петровиќ. Иако првично се сметаше дека станува збор за класичен биографски филм за Слаткаристика, проектот е замислен да ги прикаже неговите животни искуства и да отвори тема за лицата со говорни и комуникациски потешкотии, како и нивната положба и прифаќање во општеството.

За проектот, Агенцијата за филм на Конкурсот додели 1,5 милиони денари (околу 24.000 евра) на „ОХО продукција“ и режисерот Радован Петровиќ.

„Деновиве читам секакви коментари и вести. И повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.

Сакам една работа да биде јасна… ниту барав, ниту мене ми се доделени пари. Поддршка доби документарен филм и еден многу посветен тим кој веќе две години работи на приказна што преку мојот живот зборува за многу повеќе од мене. Затоа одлучивме филмот да се реализира без средствата доделени од Агенцијата за филм“, напиша неодамна Слаткар на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shishka ZEE (@shishkazee)

Слични објави

Северина за 12-годишната битка за старателство: „Од судењата ги паметам само зборовите на моите адвокати“

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Поврзани онлајн, осамени офлајн – менталното здравје во дигиталната ера

Еспресо

„Небото го испрати, а тој ја испеа на небесен начин“ – приказната зад „Цреша“, песната што Тоше Проески ја нарече автобиографска

Т.Ц.

Почина таткото на Тони Цетински, познатиот хрватски пејач Мирко Цетински

Еспресо

„Мама и тато те сакаат најмногу“: Едита Арадиновиќ ги собра најблиските на голема прослава за нејзината ќерка Зои

Еспресо

„Ти си мојата најголема желба која ми се оствари“: Бојана Скендеровски со емотивна порака за роденденот на ќеркичката Искра

apostolova
Се вчитува....