02:35 - 5 ноември, 2026

(Видео) Наташа Беквалац ја откри среќната вест: Ќе имаме бебе

Во домот на пејачката Наташа Беквалац деновиве се слави, а таа со своите следбеници на социјалните мрежи ја сподели среќната вест дека во семејството пристигнува бебе.

Сестрата на Наташа, Катарина Шаровиќ, наскоро ќе стане мајка, а семејството по тој повод организирало мала прослава. Со шампањ и најблиските членови на семејството, веста за новото доаѓање на приновата е прославена, а пејачката не го криеше своето воодушевување.

Среќните моменти одлучила да ги сподели и со своите следбеници на Инстаграм, каде што открила дека семејството наскоро добива уште еден член.

„Ќе добиеме бебе! Мама Катарина Шаровиќ ќе роди девојче, а ние ќе станеме тетки“, напишала Наташа.

Недолго потоа, следела и шеговита порака, која предизвикала мноштво реакции на социјалните мрежи.

„Е па уште една Беквалчева пристигнува, подгответе се, ќе летаме“, им порачала пејачката на своите следбеници.

Објавата за кратко време собрала голем број „лајкови“ и коментари, а обожавателите испратиле бројни честитки и најдобри желби до Наташа и нејзиното семејство по повод доаѓањето на девојчето.

Кристина е помладата сестра на Наташа. Додека Наташа е позната по музиката, а Кристина по светот на модата, нивната постара сестра Драгана е успешна претприемачка и сопственичка на неколку салони за убавина.

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....