24.9 C
Скопје
09:26 - 20 јуни, 2026

Сузана Манчиќ искрено: „Мажите секогаш ја уништуваат кариерата“

Една од најпознатите дами од поранешната југословенска сцена, Сузана Манчиќ, важеше за симбол на убавината, но во приватниот живот минувала низ многу потешки периоди.

Гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“, Манчиќ отворено зборуваше за својата кариера и љубовниот живот, откривајќи дека пропуштила значајни професионални можности поради партнери кои ѝ го разнишале самодовербата.

– Тогаш потпишав договор, добив сценарио и поминав кастинзи. Но мојот тогашен партнер многу перфидно ми го разниша самодовербата – изјави таа, алудирајќи на улогата во филмот „Национална класа“ (Nacionalna klasa), која на крајот ја одбила.

На забелешката дека мажите понекогаш ја уништуваат кариерата, Манчиќ беше децидна:

– Не понекогаш. Секогаш, мажите ја уништуваат кариерата – рече таа.

Манчиќ беше во брак со Небојша Куниќ, со кого има две ќерки – Наталија и Теодора. Тој бил член на некогаш популарната група „Седморица млади“. Бракот траел осум години, по што двојката се развела.

Таа подоцна откри дека во тој период се соочувала со депресија и нарушена самодоверба, додавајќи дека поранешниот сопруг често ја омаловажувал.

– Се омажив од голема љубов, но љубовта е расиплива – лесно исчезнува – изјави Манчиќ.

Веќе 25 години таа е во врска со Симеон Оцомокос, со кого последните години е и во брак. Нивното запознавање било, како што вели, „со стројници“, а во текот на врската имале и несогласувања, па дури и договор сличен на предбрачен.

Манчиќ истакна дека иако ужива во животот што го има со сопругот, материјалното богатство не ѝ е пресудно.

– Мене неговото богатство не ми значи ништо ако него го нема. Сакам заедно да уживаме во животот – рече таа.

Инаку, Манчиќ се прослави како „лото девојка“ и беше една од најпопуларните ТВ-лица во 80-тите години. Зад себе има кариера како актерка, пејачка и водителка, но најпрепознатлива остана по својот шарм и препознатлива насмевка.

Слични објави

„Не е гордост да имаш родители со пари и бизниси“: Јоце Панов искрено за тешкото детство

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 јуни: Искористете ја можноста за отворени разговори

apostolova

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

(Видео) „Михаела“, нова балада на Влатко и Златко Миладиновски, инспирирана од вистинска приказна

msp-admin
Се вчитува....