18:03 - 1 април, 2025

Српските ѕвезди на свирките во Хрватска заработуваат и до 12.000 евра за два часа пеење

Српските пејачи на свирки во Хрватска заработуваат огромни хонорари, пишува Курир.рс

Поедини српски поп и фолк ѕвезди, за  два часа пеење во Макарска од газдите на клубовите земаат дури 12.000 евра.

Пејачите добиваат убави хонорари во Хрватска, од пет, шест па се до дванаесет илјади евра за вечер. Обично пеат два блока по два часа со една долга пауза. Лукас и Карлеуша по клубовите во Макарска земаат по 12.000 евра. Драгана Мирковиќ и Жељко Јоксимовиќ по 10.000 евра, Пријовиќ 5.000 евра, пишува Курир.рс повикувајќи се на познат српски менаџер кој сакал да остане анонимен.

Во еден познат клуб во Макарска ова лето Србите настапуваат буквално секој викенд.

Главно Хрватите доаѓаат да слушаат српски фолкери, а има многу гастербајтери и од Австрија и Германија. Оваа година се доста барани и босанските изведувачи, пишува Курир.рс, пред се Буба Корели и Јала брат.

И самите пејачи велат дека сакаат да пеат во Хрватска, затоа што знаат дека таму добро ќе ги наполнат џебовите.

-Веќе 12 години секое лето пеам во Макарска. Тоа ми е една од најдобрите летни свирки. Имам многу пријатели ширум приморјето – објаснил Саша Матиќ.

Со него се согласува и Драгана Мирковиќ која на почетокот на август има закажано настап на хрватското приморје.

-Јас пред сите наши пејачи почнав да пеам во Хрватка и мене навистина ми се отворени вратите во сите земји во поранешна Југославија. Секаде сум добредојдена и убаво дочекана – рекла пејачката.

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац на тренинг: Еве како пејачката ја доведува линијата до совршенство

Еспресо

(Фото) Вака Дара Бубамара ја „киднапираше“ песната од евровизиската претставничка на Кипар: На површина испливаа детали!

Еспресо

Љубовницата на Бекам со шокантна исповед: Не бев единствената со која ја изневери Викторија

Еспресо

Ѓани откри дека постара колешка му дала првпат да проба дрога: „Ме фати параноја, беше пекол!“

Еспресо

„Бев катастрофа“: Џина Џиновиќ направи целосна трансформација, го смени личниот опис

Еспресо

(Фото) Тесно здолниште и високи потпетици: Јована Јеремиќ покажа како изгледала пред 11 години

Еспресо
Се вчитува....