15:11 - 9 ноември, 2026

Со песната „Мука ми је“: Елена Ристеска ќе настапи на црногорскиот избор на песна за Евровизија

Македонската пејачка Елена Ристеска вечерва ќе настапи во ревијалниот дел на црногорскиот избор за песна на Евровизија – „Монтесонг 2024“.

По долга пауза од музичката сцена, Ристеска неодамна учествуваше на годинашното издание на фестивалот Макфест со песната „Ме боли за сè“, а вечерва ќе ја претстави и српската верзија на оваа нумера, која е насловена „Мука ми је“.

„Вечерва, во 20 часот, ќе настапам на црногорскиот избор за песна на Евровизија со мојата нова песна ‘Мука ми је’, која е препев на песната ‘Ме боли за сè’. Пуштете РТЦГ за да ги погледнеме сите учесници и уживајте“, најави нашата музичка дива на својот инстаграм-профил.

Да потсетиме, вечерва Црногорците ќе го изберат својот преставник на 69. издание на Изборот на песна за Евровизија, кој ќе се одржи од 13 до 17 мај во Базел, Швајцарија. На „Монтесонг 2024“ ќе настапат 16 изведувачи, а главен фаворит за победа е пејачката Нина Жижиќ и нејзината песна ,,Добредошли”.

Елена Ристеска ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2006 година, кога со песната „Нинанајна“ го освои 12. место во финалето. Сè до во 2019 година, кога Тамара Тодевска се искачи на високото 7. место со песната „Proud“, ова беше најголем успех за нас на Евровизија.

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....