6.8 C
Скопје
17:12 - 18 декември, 2024

Скопје како Милано! Модна недела по светски терк (ГАЛЕРИЈА)

Тошева ја претстави новата зимска колекција „РЕМ“, преку која ги истражува ликовното творештво и надреализмот како појдовна инспирација.

Креациите се изработени од еколошки материјали како банана и пченка, кои се алтернатива на памукот. Во соработка со повеќе шминкери, нејзините модел(к)и наликуваа на дрег кралици и гејши. Ревијата доби поддршка од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2019.

Како втора следуваше Кренаре Ругова, гостинката од Косово, чијашто модна визија за есен-зима 19/20 е нослива гардероба од природен текстил и со унифицирани геометриски форми, нудејќи им отмена и рафинирана силуета на сите модерни жени.

Под сјајот на рефлекторите и блицoт на фоторепортерите, блесна и колекцијата на брендот за луксузен накит „Сигма“. Честа да ја отвори гламурозната ревија ѝ припадна на македонската музичка ѕвезда Викторија Лоба, која е нивно заштитно лице и повеќегодишна соработничка.

Вечерта заврши со перформансот „+7 hours“, во реализација на платформата за концептуален дизајн „Иван Асен 22“ од Софија, под водство на кураторот Нели Митева. Беа претставени екстравагантни креации, заеднички создадени од девет модни дизајнери од Бугарија и четири студенти по моден дизајн од Јапонија.

МН Носталгија за минатото и поглед кон иднината

Програмата на вториот ден на Моден викенд Скопје започна на железничката станица со авангарден перформанс на Теодора Митровска, која со стариот воз на Јосип Броз Тито, ги одведе мноштвото домашни и странски посетители на чудесно патување низ времето на стара Југославија.

Македонската дизајнерка со лондонска адреса, прва го отвори вториот ден на Моден Викенд Скопје, приредувајќи несекојдневна визуелна презентација на машката колекција „20.18“, во соработка со партнерот за обувки „Артурс шус“. Брендот со нејзин потпис е препознатлив по константните обиди да ги инкорпорира елементите од нашата култура, концептот за работничката класа, односно естетиката на униформите.

Програмскиот дел продолжи во Музејот на град Скопје, со ревија на бугарскиот современ и алтернативен бренд „Jar & Jam“, чии лимитирани парчиња облека во нијанси на бонбони, наменети се за сладокусците со младешки и игрив дух, особено во зимските месеци. Футуристичката визија и иновативноста како нивен заштитен знак, воочлива е и во последната колекција насловена „Tempo & Patience… Sweet temptation“, која неодоливо го оживува духот на 90-тите години од минатиот век.

Првите чекори на домашната сцена ги направи Мила Спасовска под етикетата „Yamuna“, дебитирајќи со самостојната колекција „Текстура на умот“, која дефинира стихија на сопственото јас. Ни ја подарува убавината која стои зад внатрешната војна.

Со ревијата за „LA NUIT“, доминантно на модната писта настапи и Зана Алиу, на која визијата оваа сезона ѝ е да покаже зошто црната боја е совршена хармонија на елегантното. Според дизајнерката, таа е царица на општеството.

Финишот на саботниот ден беше резервиран за нетрпеливо очекуваниот проект „Нитка“, чиишто учесници ѝ се претставија на јавноста со заеднички перформанс, во рамките на Моден викенд Скопје.

Станува збор за групата млади таленти: Дана Ќосева, Мирјана Јосифоска, Хозе Белмонте, Радица Лазова, Катерина Димитрoвска и Марија Стојановска, кои изразија волја да учат, експериментираат и се усовршат во ним сосема непозната сфера – плетењето.

[foogallery id=”117412″]

Автор на фотографии: AD Photography

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....