21:27 - 3 ноември, 2026

(Фото) Скандалозната Јована Јеремиќ ги зголеми градите, па се огласи од болница: „Чувството е како шлепер од пет тони“

Српската водителка Јована Јеремиќ направи операција за зголемување на градите, поради што извесен период ќе отсуствува од малите екрани. Пред неколку дена таа најави дека нема да ја води утринската програма на телевизија Пинк до 28 август поради „важна работа“, а потоа беше откриено дека станува збор за естетска интервенција.

Пред операцијата, Јеремиќ откри дека долго размислувала за овој чекор и дека сакала резултатот да изгледа што е можно поприродно.

„Што и да направам, верувајте ми, ќе изгледа како да е природно. Нема претерано да се гледа. Имав феноменални гради пред доењето и бев свесна дека нема да бидат исти по доењето. Долго размислував дали да направам операција или не, но ете пресеков“, изјави таа.

По интервенцијата, водителката објави и фотографии од болница во Белград, а денеска повторно се огласи и откри како минува првиот ден од закрепнувањето.

„Ден 1. Станав. Шетав“, напиша Јеремиќ и не го криеше задоволството од направената интервенција.

„Д-р Синиша Којиќ направи ремек-дело. Само толку ќе кажам“, додаде таа.

Фото: Инстаграм/Јована Јеремиќ

Иако веќе станала и се движи, водителката призна дека чувствува голема тежина и притисок по операцијата.

„Во градниот кош имам чувство како да носам шлепер од пет тони“, опиша Јеремиќ, додавајќи дека и во болница внимава на исхраната.

Фото: Инстаграм/Јована Јеремиќ

Таа откри и дека операцијата ја чувала во тајност дури и од својата мајка.

„Мајка ми преживеа, едвај. Вели дека не може да ми прости што не сум ѝ кажала… И така… Сè на сè, добро сум“, порача водителката.

Јеремиќ претходно објави фотографија од болничкиот кревет со постоперативен појас околу градите и најави: „Во новата сезона со посилни гради“.

Слични објави

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо
Се вчитува....