23:48 - 3 ноември, 2026

(Фото) Виктор Апостоловски го крсти синчето Адам: „Малку ни е тажен оти не го остајвме да се шлапка во водата“

Пејачот Виктор Апостоловски и неговата сопруга Милена неодамна одбележаа уште еден важен семеен момент – крштевката на нивниот син Адам.

Свечениот чин се одржал пред околу еден месец, а Виктор сега реши да сподели дел од спомените од тој ден со своите следбеници. Тој објави серија семејни фотографии од црквата, на кои во центарот на вниманието е малиот Адам.

Како и во многу од неговите објави, пејачот и овој емотивен повод го зачини со својот препознатлив хумор. Се пошегува дека неговиот син не бил баш најсреќен што не му дозволиле подолго да си игра со водата.

„И така спонтано, пред месец дена, го крстивме Адааам! П.С. Малку ни е тажен оти не го остајвме да се шлапка во водата, ама нема гајле, зато има базенчиња кај бабите. Битно да му е вечно името!“, напиша Виктор.


Адам е првото дете на Виктор и Милена, а пејачот не крие дека токму неговото раѓање му донело една сосема нова животна перспектива. Во неодамнешно интервју за „Слободен печат“, тој раскажа дека доаѓањето на синот на свет било најемотивниот момент што го доживеал, а денес неговата насмевка е она што најлесно му го разубавува денот.

Интересна приказна се крие и зад изборот на името. Адам бил еден од предлозите на Милена, а сопружниците барале име што ќе биде кратко, моќно, со убаво значење и лесно за изговарање насекаде. Откако го запишале името Адам, како што откри Виктор, ниту еден друг предлог повеќе не им звучел доволно убаво.

Татковството, според Апостоловски, не го променило толку колку што му донело нови емоции, приоритети и мотивација. По настапите и професионалните обврски, токму домот, Милена и Адам се местото каде што повторно ја наоѓа својата рамнотежа.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....