20:51 - 3 ноември, 2026

(Фото) Се соблече поранешната сопруга на Бранислав Лечиќ: Српската водителка на 40 години покажа неверојатно тело

Познатата српска водителка Нина Радуловиќ (40) веќе некое време е на летување во Грција, од каде што редовно се огласува и споделува моменти со своите следбеници. Нејзините фотографии во костим за капење често предизвикуваат воодушевување, а тоа било случај и овој пат.

Нина споделила серија жешки фотографии на својот инстаграм-профил на кои нејзиното згодно тело е во преден план. Водителката позирала во црно бикини, ставајќи ги во центарот на вниманието своите атрибути и затегнати нозе.

Со препознатлива насмевка што не ја тргнува од лицето, Нина повторно предизвикала лавина од реакции, а коментарите на воодушевените следбеници под оваа објава само продолжуваат да се нижат.

Нина Радуловиќ е една од најубавите во својата бранша во Србија, што со години се истакнува, а како што изјавила во едно од своите интервјуа дека не игра на картата на физичкиот изглед во животот, многумина се прашувале колку е висока.

– Па, добро… Имам 186 см… Можам со ногата да го допрам врвот на зградата! – рекла Нина претходно, а таа ја носи титулата највисока жена на српската јавна сцена.

Популарна водителка, се чини дека не сака ниту вртоглави потпетици, па затоа најчесто носи рамни обувки. Како што еднаш открила, бројот на чевли што ги носи е 41.

– Се нервирам секој пат кога ќе влезам во продавница за чевли и ќе прашам за мојот број, а вработените ми велат „тој број е првиот што оди, а имаме само еден пар во колекцијата“ – рекла своевремено астрактивната водителка.

Инаку, Нина Радуловиќ беше во брак со српскиот актер Бранислав Лечиќ.

Слични објави

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.
Се вчитува....