12:00 - 28 ноември, 2026

Што најмногу гледавме на малите екрани во текот на 2020 година: Статистиката е многу интересна!

Profimedia

Ако оваа година ако беше добра за некого, тоа беа стриминг – сервисите. Луѓето беа принудени поголемиот дел од своето време да го поминуваат дома, што значи дека повеќе време поминуваа пред малите екрани. Ова особено се рефлектираше врз навиките што ги имаме, кога станува збор за гледањето на филмови и серии.

„Нетфликс“ го покажа годишниот извештај наречен „Она што го гледавме во 2020 година“.

Статистиката е многу интересна. Откако коронавирусот започна да се шири низ целиот свет во март 2020 година, гледаноста на емисии за готвење како што „Nailed It“ и „The Great British Bake Off“ порасна за 50% во однос на еден месец порано.

Документарните филмови „Tiger King“ и „The Mind of Aaron Hernandez“ беа меѓу најгледаните, како и филмот „The Social Dilemma“. Скоро и да нема човек што не гледал барем една епизода од реалното шоу „Floor is Lava“, „Too Hot To Handle“ или „Love is Blind“.

Гледавме и романтични комедии почесто оваа година: „The Kissing Booth 2“, „Princess Switch: Switched Again“ и „To All The Boys P.S I Still Love You“ се сметате за најгледани.

Во продолжение списокот со најгледаните оригинални наслови на „Нетфликс“ за 2020:

1. Tiger King: Murder, Mayhem and Madness (документарна – ријалити серија)

2. Locke & Key (драма)

3. Space Force (комедија)

4. Outer Banks (драма)

5. Love Is Blind (ријалити)

6. The Queen’s Gambit (драма)

7. Never Have I Ever (драма – комедија)

8. Ratched (драма)

9. The Circle (ријалити)

10. Sweet Magnolias (романтична серија)

Слични објави

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.
Се вчитува....