17:31 - 6 ноември, 2026

Шерон Стоун: „Ме удри гром, одлетав преку целата кујна и удрив во фрижидерот – среќна сум што преживеав“

Филмската ѕвезда се присети на немилиот настан, а како се точно се случило, таа раскажа во детали…

Холивудската актерка Шерон Стоун (62) неодамна шокираше со признанието дека во далечното минато ја удрил гром.

Филмската ѕвезда се присети на немилиот настан и целиот го опиша во детали.

„Бев сама тогаш во домот и ставав вода во пеглата. Едната рака ми беше на чешмата, а другата на пеглата и одеднаш – удри гром, а водата беше спроводник. Одлетав преку целата кујна и удрив во фрижидерот“, раскажа актерката.

Таа раскажа дека веднаш ја повикала мајка и која ја сместила во автомобилот и веднаш ја однела во Ургентниот центар, каде веднаш и било направено ЕКГ, кое покажало голем електрицитет во нејзиното тело.

„Мајка ми веднаш ме однесе на доктор. ЕКГ-то покажуваше голем електрицитет во моето тело. Морав да правам ЕКГ десет дена по ред“, изјави таа.

Актерката на крајот, како што изјави, е среќна што воопшто останала жива, со оглед на тоа дека ова не била нејзина единствена блиска средба со смртта.

Таа имено, една случајно се исекла на вратот и за среќа не ја потфатила вената, а во 2001 година имаше и мозочна анеуризма.

Слични објави

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо
Се вчитува....