05:55 - 31 јули, 2026

Шерон Озборн го прати асистентот во пожар, а потоа му даде отказ! (ВИДЕО)

Додека Ози и Шерон се забавувале и смееле присетувајќи се на целото случување, асистентот се побунил дека не гледа ништо смешно во пожарот кој се случил и рекол дека чадот му ги оштетил белите дробови.

Да се има добар шеф кој во потпослност ја почитува и цени вашата сигурност, понекогаш е луксуз. Тоа го докажа и Шерон Озборн, сопругата на Ози Озборн која имавме прилика да ја гледаме во британскиот „The X Factor“.

Всушност, Шерон Озборн гостуваше во божиќниот специјал на британскиот програм Would I Lie To You?, каде откриј дека се однесувала нехумано спрема својот асистент за време на пожарот кој се случил во семејниот дом на Озборнови.

Пожарот се случил откако Шерон и Ози оставиле запалена свеќа, а потоа заминале на спиење. Ги разбудил противпожарниот аларм, а Ози дури и се здобил со изгореници, па Шерон била приморана да го бутне во фонтана.

https://www.youtube.com/watch?v=Y4OosxeTi0E

Откако сите се извлекле и ја напуштиле куќата, Шерон на својот асистент му ја тргнала маската за кислороф и ја ставила на своето куче. Таа му рекла на асистентотда влезе во куќата што гори и да спаси колку повеќе уметнички дела може.

Со оглед на тоа дека асистентот одбил, Шерон се разбеснила: „Како се осмелуваш?! Ти работиш овде и итно иди п уште слики“.

Асистентот попуштил под притисок, но после таа ноќ престанал да збори со Шерон.

Додека Ози и Шерон се забавувале и смееле присетувајќи се на целото случување, асистентот се побунил дека не гледа ништо смешно во пожарот кој се случил и рекол дека чадот му ги оштетил белите дробови.

На тоа Шерон отсечно му вратила: „Со оглед на тоа што не мислиш дека е смешно, дали ова ќе ти биде смешно? Отпуштен си!“.

Правилата на програмата во која Шарон учествувале биле такви да, откако гостинот ќе ја раскаже својата приказна, присутните комичари, кои се постојана постава на телевизиската трибина за „Would I Lie To You?“, мораат да погодат дали приказната која ја слушнале е измислена или не.

На изненадување за присутните, Шерон потврдила дека е вистина, а во студиото настанало мешавина на збунето смеење и неверување.

Слични објави

Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ денеска слави, а покрај него е и новата девојка Александра

Еспресо

Голема димензија на љубов: Сара Мејс со емотивна честитка за роденденот на синот Кирил

Еспресо

Тања Савиќ заминува во Турција на естетска операција: „Морам да соберам храброст“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Стефан Лазаров во најубавото животно поглавје — трудничките фотографии од Охрид освојуваат на прв поглед

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova

(Фото) Длабоко деколте во црн атрактивен фустан: Слобода Миќаловиќ воодушеви со стајлингот

Еспресо
Се вчитува....