03:04 - 2 април, 2026

Селма Хаек објави слика од базенот – Нејзината порака за убавината секоја жена добро треба да ја запамти (ФОТО)

Мексиканско-американската актерка Селма Хаек (53) знае како да го привлече вниманието. 53-годишната актерка без шминка направи секси селфи фотографија, па погледнете како Селма ужива во домот за време на пандемијата на коронавирусот.

Имено, таа позираше во својот базен во вилата во Лондон и покажа како изгледа без шминка, но го покажа и своето бујно деколте, кое често го истакнува во прв план.

инстаграм

Претходно оваа недела оваа убавица, која веќе долго време се смета за еден од најголемите секс-симболи, изјави дека таа не се чувствувала како убавица секогаш и дека имала големи несигурности поврзани за својот изглед.

инстаграм

– Моите омилени денови се оние без шминка и кога не се гледаш во огледало бидејќи размислуваш за тоа како изгледаш. Само си присутен и ја правиш својата работа, изјави актерката.

– И ова е најдобрата работа – кога не носите шминка, кога не размислувате „како изгледам без шминка“ или пак „ја заборавив шминката“. Кога само го живеете животот и не ви е воопшто приоритет тоа како изгледате, заклучи таа.

инстаграм

Хаек призна и дека имала многу несигурности кога била помлада, од кои доста научила.

– Кога ќе ги погледнам фотографиите од своите 30-ти или 40-ти години, се гледам себе си како многу поубава од тоа што мислев дека сум убава во тоа време. Многу се критикував себе си. Сега кога ќе се погледнам во огледало, тоа се мани кои сега не ги гледам и само се прашувам колку ќе се сакам себе си за 10 години, додаде таа.

инстаграм

Хаек во последните два месеци беше изолирана во својот дом во Лондон со својот сопруг Франсоа Анри Пино (57) и со ќерката Валентина Палома (12).

инстаграм

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....