15.8 C
Скопје
01:15 - 8 септември, 2026

Селма Бајрами со трогателна објава: Пејачката го загуби старателството над својот син, момчето ѝ пишува на ТикТок

Пејачката Селма Бајрами со години води борба за старателството над својот син Дарис, а сега на трогателен начин покажа како ѝ се јавува синот – преку коментар на ТикТок – бидејќи таткото не му дозволува контакт со мајката.

„Мамо, јас сум Дарис, твојот син. Сакам ова да ти го напишам затоа што ми недостасуваш, но ние ќе се видиме,“ стои во коментарот што Селма го сподели со своите следбеници.

Во описот на објавата на Фејсбук, Селма појасни за што станува збор:

„Вака мојот син ја изразува љубовта кон мене… Со коментар на ТикТок. Зашто татко му му се заканува дека ќе му ги забрани игрите и ќе му го одземе телефонот ако ме побара. Што да се каже на ова?“, напиша пејачката.

Фото: Скриншот

Селма Бајрами и претходно јавно зборуваше за својата долготрајна судска битка за старателството над синот Дарис. Таа тогаш откри дека, со правосилна одлука, старателството му било доделено на таткото.

Слични објави

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо
Се вчитува....