21:26 - 13 ноември, 2026

СЕКС, ДРОГА И ТУРНЕИ: Славниот пејач откри малку познати детали од неговиот живот

Славниот пејач Елтон Џон даде свој коментар за филмот „Рокетмен“, снимен според неговиот живот, а посебно зборуваше за неговата сексуалност и зависноста од дрогите, пренесуваат англиските медиуми.

Пејачот во филмот го глуми британскиот актер Тарон Егертон, а неговиот прв љубовник Џон Рид, актерот Ричард Маден. Во филмот е прикажана и сцената од нивниот прв секс, за која Елтон вели дека се случила токму така.

„Горд сум на тој факт. Можеби на некои луѓе тоа нема да им се допадне и тоа можам да го разберам, но ако го нема тоа во филмот би се чувствувал дека ги лажам луѓето. Тоа се случи кога имав 23 години, до тогаш бев невин. Очајно сакав да почувствувам љубов и да имам физичка врска“, раскажал Елтон Џон за британските медиуми.

Потоа, тој ја открива и својата зависност од дрога, како и детали од животот со партнерот Дејвид Фарниш.

„Уште имам темна страна, но тоа не трае долго, бидејќи ги имам Дејвид и децата,. Никогаш не мислев дека би можел да бидам во врска 25 години, бидејќи врските брзо ми завршвуваа во младоста поради дрога“, признава пејачот.

Елтон Џон раскажал и дека во младоста постојано бил на турнеи и под дејство на дрога, но дека целото тоа сега е зад него.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....