4.8 C
Скопје
17:58 - 18 декември, 2024

САКАЛА ДА ГО АБОРТИРА, А СЕГА ОДЛУЧУВА КОЈА ЖЕНА ДА ЈА ОЖЕНИ: Сè што треба да знаете за Кристијано Роналдо и мајка му

кристијано роналдо

Кристијано Роналдо, еден од најуспешните фудбалери во историјата на спортот, никогаш не криел дека семејството му е на прво место, а со тоа и поврзаноста со мајка му. Марија Долорес дос Сантос Авеиро игра една од главните улоги во неговиот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Роналдо никогаш не бил близок со неговиот татко Хозе Динис Авеиро и го обвинува за неговото тешко детство. Имено, татко му починал на 53-годишна возраст од последици на алкохолизам. Во тоа време, Кристијано имал 20 години и играл за „Манчестер Јунајтед“.

„Тој беше пијаница. Никогаш не сум водел нормален разговор со него“, изјавил Роналдо во едно интервју и се расплакал.

ЕМОТИВНИОТ РОНАЛДО СО ЕМОТИВНА ПОСВЕТНА ЗА МАЈКА СИ: Има посебна причина

Фудбалерот пораснал со неговиот постар брат Хуго, сестрите Лилијана и Елма, а во документарец за Роналдо, неговата мајка изјавила дека додека била бремена со Кристијано, размислувала за абортус.

„Тој е детето што сакав да го абортирам. Господ не сакаше да се случи тоа и сум благословена заради тоа. Бог не ме казни“, признала тогаш.

И покрај хипотетичката ситуација во минатото, денес тие се крајно блиски и се поддржуваат еден со друг во сите животни ситуации. Покрај тоа, фудбалерот често ја опсипува со скапи подароци, па затоа Марија се пофали дека минатата година за „Денот на мајката“ добила скап Мерцедес од нејзиниот син.

Се чини дека Марија има големо влијание врз љубовните врски на синот. Имено, на почетокот на 2015 година се шушкало за раскинувањето на еден од најпознатите љубовни парови во тоа време, Кристијано Роналдо и Ирина Шајк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @schone___madchen

Фудбалерот наводно ја напуштил Ирина затоа што не сакала да дојде во неговото родно место Мадеира на роденденска забава за неговата мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Парот го поминал Божиќ во Дубаи непосредно пред тоа, а фудбалерот планирал да биде со неговата мајка за роденденот, но Ирина не сакала да учествува во тоа. Како што изјавил тогаш извор за „Дејли Мејл“, сето тоа предизвикало кавга.

Исто така, наводно во тоа време мајчинството не ѝ било приоритет на Ирина, додека Долорес сакала партнерка за нејзиниот син која би била добра мајка на Кристијано Јуниор.

А, сега кога се појави партнерка – Георгина која е добра мајка, сепак прстен не ја овековечува врската. Според медиумите мајката на Роналдо прави вето на ситуација за брак, бидејќи смета дека Георгина е спонзоруша.

Како и да е, Роналдо може е храбар на терен, но пред мајка му, не е.

(ФОТО) ПРВАТА ДАМА НА СПОРТОТ: Георгина Родригез – партнерката на Роналдо и нивната приказна

Слични објави

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....