13:41 - 27 ноември, 2026

ЕМОТИВНИОТ РОНАЛДО СО ЕМОТИВНА ПОСВЕТНА ЗА МАЈКА СИ: Има посебна причина

кристијано роналдо

Еден од најуспешните фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо никогаш не криел дека неговото семејство му е на прво место. Но, една од главните улоги во неговиот живот ја игра неговата мајка Марија Долорес дос Сантос Авеиро.

(ФОТО) ГО БУДЕЛЕ СРЕДЕ НОЌ: Кристијано Роналдо морал да ја смени вилата во Манчестер поради овци

Роналдо на својот инстаграм-профил сподели фотографија од својата мајка посветувајќи ѝ емотивна роденденска честитка.

„Многу честитки за најдобрата мајка на светот, воинот кој секогаш ме учеше да не се откажувам, најдобрата баба за која моите деца можеа само да сонуваат… Многу те сакам мајко моја“, напиша Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Роналдо никогаш не бил близок со својот татко Хозе Динис Авеиро поради кој за жал, славниот фудбалер имал навистина тешко детство.

„Беше пијаница. Никогаш не сум имал нормален разговор со него“, изјави Роналдо во едно интервју и се расплакал.

(ФОТО) ПРВАТА ДАМА НА СПОРТОТ: Георгина Родригез – партнерката на Роналдо и нивната приказна

Сепак, тој и неговата мајка денес се исклучително блиски и се поддржуваат во сите животни ситуации.

НЕМААТ БЛАГОСЛОВ: Мајката на Роналдо не сакала нејзиниот син да се ожени со Георгина

Покрај тоа, фудбалерот често ја опсипува со скапи подароци, па Марија неодамна се пофали дека од синот добила скап Мерцедес за Денот на мајката.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....