7.8 C
Скопје
23:05 - 29 март, 2026

Рок легендата стравува од корона и не го напушта домот – „Ако ме закачи, овој пат дефинитивно сум готов!“

Како што вели тој, смртта ја избегнал повеќе пати, но со короната е сигурен дека не би успеал…

Познатиот рокер Ози Озборн вели дека за него би било погубно доколку го добие коронавирусот, бидејќи има исклучително слаби респираторни органи.

Ози изјави дека спаѓа во ризичната група, поради што никако не би смеел да добие коронавирус.

„Имам емфизем на белите дробови, па доколку го закачам и овој вирус, готов сум дефинитивно“, изјави тој во интервјуто за GQ.

Емфизем е вид на хронично опструктивна болест на белите дробови и ги оштетува ѕидовите на алвеолите на белите дробови, односно го прави истото што го прави и короната, но таа делува многу поагресивно кога ќе влезе во организмот.

Ози има повеќе здравствени проблеми, а како што вели, стареењето не му помага во тоа.

„Кога ќе наполниш 70 години, одеднаш се отвараат некои нови врати од кои се паѓа удолу.
Внимавајте, одамна јас се извлеков. Сега носам маска, а бидејќи не сакам да ја носам, не ни излегувам премногу. Седам затворен дома“
, раскажа Ози.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....